Со над 11 милиони евра ќе ја наводнуваме Јужна Македонија

Bez autora
Apr 03 2011

Повеќе од 11.500 корисници во јужна Македонија за три години ќе ги почувствуваат ефектите од редовното снабдување со квалитетна вода за наводнување. Со 10,3 милиони евра заем и еден милион евра грант од Сојузна Република Германија преку КФВ банката вчера е затворена финансиската конструкција за проектот Наводнување на јужна долина на реката "Вардар - фаза 2". Проектот ќе обезбеди наводнување на 3.900 хектари во 13 населени места од гевгелиско-валандовскиот регион и од него бенефит се очекува да имаат 5.500 земјоделски семејства. Вкупната сума за реализација е 21,7 милиони евра, 4,7 милиони ќе обезбеди Владата, а 5,7 милиони евра водните заедници.

Со над 11 милиони евра ќе ја наводнуваме Јужна МакедонијаПовеќе од 11.500 корисници во јужна Македонија за три години ќе ги почувствуваат ефектите од редовното снабдување со квалитетна вода за наводнување.

Со 10,3 милиони евра заем и еден милион евра грант од Сојузна Република Германија преку КФВ банката вчера е затворена финансиската конструкција за проектот Наводнување на јужна долина на реката "Вардар - фаза 2".

Проектот ќе обезбеди наводнување на 3.900 хектари во 13 населени места од гевгелиско-валандовскиот регион и од него бенефит се очекува да имаат 5.500 земјоделски семејства. Вкупната сума за реализација е 21,7 милиони евра, 4,7 милиони ќе обезбеди Владата, а 5,7 милиони евра водните заедници.

- Заемот е под исклучително поволни услови, со рок на отплата 20 години и пет години грејс период, а каматната стапка е фиксна и изнесува 2,5 проценти. За крајните корисници условите ќе бидат уште поповолни, водните заедници ќе го отплаќаат заемот, исто така за 20 години и пет години грејс период, но со каматна стапка од само 0,75 отсто годишно. Разликата во каматната стапка ќе ја субвенционира државата преку буџетот на Министерството за земјоделство - рече вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Според него станува збор за исклучително важен регион каде земјоделското производство е подигнато на повисоко ниво и целосно ќе се заборави досегашното неекономично површинско наводнување со бразди.

Првата фаза од проектот Наводнување на јужна долина на реката "Вардар - фаза 2" успешно се реализира, исто така, со поддршка на КФВ банката од 6,7 милиони евра, а опфати 2.600 хектари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik